fbpx

Пејачот на „Меморија“ пред две години проговори за животната голгота: Денес почина неговата сопруга

По долго и тешко боледување, на 56-годишна возраст почина Вики Икономова, сопругата на Апостол Поце Икономов, пејачот на легендарниот македонски бенд „Меморија“.

Тажната вест на социјалните мрежи ја соопшти основачот на групата, Петар Георгиевски-Камиказа.

„Поце те сакаше повеќе од се’, дури и од самиот себе! Во 10-годишната здравствена голгота, ниеднаш не покажа слабост во траорната битка барајќи „иљач“ за твојата болест. Ја носеше подеднакво храбро и доблесно, како човек кој искрено љуби и се бореше до последниот твој здив. Денес во 14 часот престана да чука срцето на Вики. Друже Поце, искрено сочуство. Секоја песна и тон со твојот ангелски глас, испеани на нашите концерти на неа ѝ ги беше посветил. Затоа концертите беа посебни“, напиша музичарот во трогателната посвета.

Поце Икономов пред две години првпат јавно проговори за својата тажна животна приказна. Во тогашното интервју за порталот „Вистина“ откри дека се’ почнало пролетта 2014 година кога бендот паузираше со ангажмани, а тој останал без работа.

„Живеевме од платата на сопругата која тогаш за првпат се соочи со тешката и опака болест откако ѝ се слоши на работа.. Дијагнозата-онаа најлошата… Тумор на мозокот кој е тешко операбилен“, откри тогаш Икономов.

Како татко во тоа време на две малолетни ќерки останува во многу лоша финансиска ситуација, зашто треба да се подига семејството, школуваат децата, при тоа да се плаќаат сите трошоци за режија, да се живее и покрај тоа се’, уште и да се отплаќа рата за кредитот за станот. И сето тоа со намален приход кој прераснува во некаква минимална социјална пензија од сопругата која престанува да биде способна да оди на работа, зашто здравствена ситуација со текот на времето станува се полоша и полоша, а таа останува неподвижна, врзана за постела, напиша, меѓу другото, истиот портал во 2022 година.

За жал, денеска таа почина.

Следни Објави

Девојка го бакнала момчето, починала по осум минути: Една грешка ја чинеше живот

Никој не очекувал дека вакво нешто ќе се случи Овој неочекуван и многу тажен настан се случи во 2012 година кога Мирјам Дукре-Лемај од Монтреал почина само осум минути откако нејзиното момче ја бакна. Според извештајот од истрагата, нејзиниот инхалатор не работел, а со себе немала никаков лек кој би […]