fbpx

Ја нарекуваа мајка на храброста! Почина Наташа, ја загуби најтешката битка

Единствената жена во Србија, но и во регионот, која се бореше со невроендокрин тумор, Наташа Недиќ од Сремска Митровица, ја загуби животната битка, информира порталот „Република.рс“.

Тажната вест ја соопштија членовите на групата „Биди хуман-лицитација“.

„Симбол на преживување во морето темнина која се шири, мајка на храброста, сите во групата знаат за Наташа Недиќ. Пишуваше за себе, ги сподели своите најдлабоки чувства, беа напишани многу статии за неа, им беше надеж на многумина“, напиша една членка на групата.

Таа открива дека по голема, макотрпна и тешка борба за живот, Наташа сега заминала во другиот, оној посветол свет.

„Таа отиде меѓу ангелите, а нејзините ангелчиња ги остави да живеат и да се борат преку нив“, напиша на социјалните мрежи.

Наташа ја нарекуваа и „медицински феномен“, беше многу борбена, а кога во една прилика објавија нејзина црно-бела фотографија, навистина се потресе.

„Во една група на „Фејсбук“, мојата слика се појави како знак на сеќавање. Ме закопаа баш така. Тоа беше ладен туш. Сфатив како тоа ќе изгледа и бев многу потресена. Мојата сива слика. Повеќе сакам зелена боја. Луѓе, деновите минуваат неуморно, времето ми се измолкнува. Со ова темпо парите би се собрале за една година. Немам толку време. Јас сум 50.000 пораки подалеку од целта. И тоа е многу и не е. Животот не треба да има цена. Мојата има. Помогнете ми да успеам, за моето семејство никогаш да не ја види таа проклета сива слика“, напиша тогаш Наташа.

Следни Објави

Тања Савиќ му кажа „ДА“ на Мухамед: Прва исповед за 11 години помладиот пилот

Откако пејачката Тања Савиќ на својот профил на „Инстаграм“ за првпат објави фотографија со новото момче Мухамед Муки Бешиќ, таа сега се огласи и на „стори“. Долго се шпекулираше за нејзиниот љубовен статус, по семејниот бродолом со Душан Јованчевиќ, а сега одлучи јасно да им покаже на сите дека е […]