fbpx

Петар и Александра поминаа низ пекол: Првото дете им почина пет дена по раѓањето, второто им се роди со истите симптоми

Познатиот музичар Петар Јелиќ со сопругата Александра поминаа низ вистински пекол.

Нивниот прв син Виктор починал пет дена по раѓањето, а кога се родил Вук, Бог им дал ново искушение.

„Сè најлошото што можеше да ни се случи, ни се случи. Првото дете ни почина, второто едвај се избори за живот, а сè уште има последици кои се обидуваме да ги надминеме“, призна во едно интервју гитаристот на „Ју група“.

Како што кажа тогаш Петар, во првата година нивниот син имал осум операции.

„Имам дете со посебни потреби, па мојот син Вук имаше осум операции на мозокот во првата година по раѓањето. Ја имавме несреќата што пет дена по раѓањето ни почина првото дете, а потоа се роди Вук со истите симптоми и успеавме да го спасиме. Мојата сопруга и Вук поминаа една година во болница, тој сега е дете со посебни потреби и има четири дијагнози: хидроцефалус, церебрална парализа, епилепсија и аутизам“, раскажа тој за „Телеграф“.

Петар Јелиќ денес живее во Шведска. Во меѓувреме, во медиумите се огласи и неговата сопруга.

„Кога првпат станав мајка, лекарите ме натераа да потпишам дека детето живо ја напушта болницата и други формалности, а тоа моравме да го направиме за да го префрлиме во Институтот за мајка и дете. Како мајка ми ставија товар на душата дека детето ми починало како несреќен случај и со тоа морав да живеам три години. После тоа беше важно да се врати насмевката на нашите лица, за да продолжиме понатаму. Потоа го добивме Вук и веќе првата вечер ја започнавме борбата за живот. Неколку часа по неговото раѓање забележавме дека неговата кожа добива чудна боја, дишењето му беше исто како на Виктор. Ги препознавме симптомите и веднаш реагиравме, па успеавме да го спасиме“, раскажа Александра.

На познатата двојка ѝ е најважно што Вук сега изгледа фантастично.

Тој е еедно насмеано дете, бидејќи тоа успеавме да му го пренесеме. Се’ е во ставот, останува само формата“, велат тие.

Следни Објави

Неверојатна среќа за овие два хороскопски знака до 15 април

Астролозите се едногласни за овие два знака Невидена среќа во наредниот период ги очекува на припадниците на овие хороскопски знаци. Девица По побурното темпо во март, конечно ќе се чувствуваат олеснето и опуштено. Нивната енергија ќе биде особено нагласена. До средината на април се’ ќе се промени. Ќе бидат полни […]