fbpx

Доктор открива кој појадок е идеален за жените, а кој за мажите

Доктор Емир Солаковиќ е општ и кардиоваскуларен хирург, кој за време на едно од гостувањата на ТВ Хајат кажа кој појадок е најдобар за жените, а кој за мажите.

Се буди околу 6:30 и вели дека шест часа му се доволни за сон. Според него, луѓето кои спијат повеќе од шест часа имаат проблем.

„Организмот се буди после шест до седум часа, доколку функционира нормално. Ако не можете доволно да спиете, нешто се случува. Или работите премногу, или сте под стрес, или сте болни.. Најчесто ни се пациенти дебелите луѓе, тие имаат поголема веројатност да се разболат. Никогаш не сум видел дебел човек да појадува. Го прескокнува појадокот. Секогаш грицка нешто, нешто нездраво. Кога јаде, јаде како да ја складира храната во пештера. Само се движи од автомобилот до куќата. Јаде многу, но нема физичка активност и се дебелее“, вели тој.

Според него, идеалниот појадок за жената е следниот: Штом ќе стане, да испие шолја од кој било чај. Ги апсорбира оние токсини кои се акумулираат во текот на ноќта. Потоа препорачува јајца. За жените, идеален појадок е изматени јајца од три белки и едно цело јајце. Тоа се 10 грама протеин.

За мажите, пак, кајгана од 5 белки и едно цело јајце се идеалниот појадок. Мастите мора да се консумираат бидејќи му се неопходни на организмот. Ако сакате здрави масти, слободно додадете малку маслиново масло врз изматените јајца.

„Нашата кожа, веѓите, косата, ноктите се направени од овие протеини. И без леб. Јадете го ова секој ден“, советува тој.

Следни Објави

Се сеќавате ли на струмичанката Љупка Митрова? За неа сега зборува цела Хрватска

Пред неколку години македонските портали речиси секојдневно пишуваа за Љупка Митрова која во јавноста се претставуваше како моден блогер и инфлуенсерка. За атрактивната струмичанка сега зборува цела Хрватска откако тамошните фотографи случајно ја начекаа во центарот на Загреб. Магазинот „Стори“ ѝ посвети цел текст и е фасциниран од нејзиниот аутфит. […]