fbpx

За 11 дена потрошила само 10 евра: Љубица вака летува со години, ни денар повеќе не ѝ треба

Една членка на групата „Грција во живо“ го постави прашањето дали е можно да се помине денот со 10 евра и доби голем број потврдни одговори.

„Секако дека може. Донесете малку од дома, наполнете го фрижидерот, купувајте по пазари, некои денови на лежалки, не секој ден, некои денови гиро, можете да јадете сладолед секој ден, доволно е ако знаете да уживате покрај море, на сонце и под сенка. Ако ве има повеќе како во моето петчлено семејство, доволни се во просек по 10 евра од човек, односно 50 евра дневно се сосема океј“, напиша една госпоѓа.

Други истакнуваат дека е многу важно да се пазари од маркетите, а трети истакнуваат дека голема е заштедата доколку избегнувате лежалки. Има и такви кои веруваат дека најдобар начин да заштедите е да пиете на тераса навечер, а не во кафулиња.

Како и да е, шампион во штедење е апсолутно Љубица, жена која тврди дека ѝ биле доволни само 10 евра за целиот одмор, односно вкупно 11 дена на море.

„Секако дека е можно. Јас и мојот пријател ставивме по 10 евра во заеднички паричник и тоа е доволно за 11 дена. Пиевме кафе во станот, не јадевме леб, не пиевме сокови и други пијалоци. Купувавме кисело млеко, зеленчук и овошје и сувомеснати производи, носевме производи од дома и со тоа што го имаме набрзина готвевме нешто. За десет години никогаш, верувале или не, не сме потрошиле повеќе. Но и двајцата сме пензионери, а млади луѓе природно имаат поголеми барања“, тврди Љубица.

Следни Објави

Ги славиме Константин и Елена: Овој извор денеска е најлековит во Македонија

Православните христијани денеска, 3 јуни, го празнуваат Светиот цар Константин и неговата мајка Елена. Царот Константин Велики и неговата мајка царицата Елена за нивните заслуги во признавањето и ширењето на христијанството Светата црква ги прогласила за светители и рамноапостолни, што значи по значење рамни на апостолите. Царот Константин спаѓа меѓу […]