fbpx

„Беше чудно“: Прво интервју на Мики Секуловски по освоеното второ место, проговори и за Цеца

Мики Секуловски беше единствениот машки натпреварувач кој успеа да се пласира меѓу најдобрите шест кандидати во завчерашното суперфинале на „Ѕвездите на Гранд“.

На крај заврши како второпласиран, а сега го даде и првото интервју во кое вели дека не очекувал да дотурка до самата завршница на регионалното шоу кога се пријавил.

„Би сакал да им се заблагодарам на сите што гласаа за мене. Не очекував да стигнам до суперфиналето, беше стресно и неверојатно, но ја истуркав и последната песна. Презадоволен сум и ви подготвувам нови проекти“, вели Секуловски.

Иако постои мислење дека публиката повеќе гласа за изведувачи на фолк-музика, успехот на Мики не’ убеди во спротивното, за што проговори и талентираниот велешанец.

„Се издвојувам од сите затоа што пеам рок и поп и ми беше чудно што луѓето ја прифаќаат музиката што ја слушам и пеам, но во исто време ми е драго што велат дека им се допаѓа сè и дека гласале“, искрен е тој во интервјуто за „Гранд“.

Мики признава дека му е особено драго затоа што победата останала во неговиот тим.

„Кога останавме тројца не знаев кој ќе победи, но среќен сум за Шејла, бидејќи таа е една од најдобрите, ако не и најдобра вокалистка на ова натпреварување, а е од мојот тим“, објаснува Секуловски.

На крајот го прашаа и дали со Цеца разговарал за продолжување на нивната соработка.

„Разговаравме и ќе ја продолжам соработката со неа. Можеби ќе се случи некој дует, ќе бидам многу среќен ако се направи нешто со моето и нејзиното пеење, а ако таа прифати ќе бидам среќен“, вели Мики.

Следни Објави

Беше актер со говорна мана: Го најдоа мртов без скршен денар, никој не му помогна

Можеби не го знаете по име актерот Предраг Прежа Милинковиќ (1933-1998), но сигурно се сеќавате на неговиот лик Тој е веројатно најпознатиот епизоден актер од овие простори, кој повеќе од 35 години играше батлери, чевлари, слаткари, психолози, месари и многу други професии во вашите омилени филмови и серии. Малкумина знаат […]