fbpx

„Ме силуваа, така ја изгубив невиноста“: Познатата пејачка има болно минато

Светската поп-ѕвезда Деми Ловато има бурно минато, а за потресните детали од нејзиниот живот зборуваше и пред две години во документарецот Demi Lovato: Dancing with the Devil.

Таа призна дека почнала да експериментира со дрога во раните тинејџерски години и дека булимијата и прекумерната контрола на нејзиниот менаџерски тим ја довеле до голем крах во 2018 година. Подоцна се предозирала, а откако ѝ го спасиле животот била однесена на клиника за рехабилитација.

Она што најмногу ги шокира сите е признанието дека ноќта кога се предозирала, нејзиниот дилер „ја силувал и ја оставил да умре“.

Како што истакна во едно нејзино интервју, тоа ја потсетило на едена друга вечер, кога првпат била злоставувана. „Ме силуваа кога ја изгубив невиноста“, откри пејачката.

Во тоа време се’ уште била ѕвезда на „Дизни“, сакала да ја сочува невиноста за брак, а на момчето со кое се бакнувала му рекла дека „не сака да оди понатаму“.

„Му реков дека сум девица и дека не сакам вака да ја изгубам невиноста. Но, тоа ништо не ѝ значеше на таа личност и го направи тоа што го посакуваше. Си реков дека е моја вина, бидејќи отидов со него во собата и се бакнавме“, сведочеше Ловато во една прилика.

Насилникот никогаш не одговарал за тоа што го направил. Во подоцнежна фаза од животот почнала да се самоповредува, а боледувала и од булимија бидејќи, како што раскажа, „на христијанинот во неа тешко му било да сфати дека се работи за силување и дека не направила ништо лошо“.

Следни Објави

Двете бебиња пораснаа во две убавици: Легендарниот македонски голман со емотивна посвета за ќерките

Легендарниот македонски ракометар Петар Ангелов со емотивна посвета на социјалните мрежи се пофали дека неговите ќерки близначки се полуматурантки. Славниот Диви сподели и неколку фотографии, а неговата објава ви ја пренесуваме во целост. „Седми јануари 2009та година. Божиќ. Сите дома со семејствата освен ние ракометарите. Подготовките за светското првенство во […]