fbpx

Се срамев, така ја изгубив невиноста: Пејачката детално го опиша силувањето

Уште една ѕвезда призна дека била силувана кога била малолетна, а станува збор за британската пејачка Софи Елис Бекстор, најпозната по денс-нумерата Murder on the Dancefloor.

Во новите мемоари Spinning Plates призна дека на 17-годишна возраст ја силувал гитаристот Џим кој тогаш имал 29 години, пишува „Дејли меил“.

Пејачката откри дека инцидентот се случил пред 25 години. Софи била во публиката, а музичарот по концертот ја поканил во неговиот стан да погледне некои книги.

„Следно на што се сеќавам е дека почнавме да се бакнуваме. Наеднаш се најдовме во неговиот кревет, а тој ми ги соблече гаќите. Се слушнав себеси како му велам „НЕ“ и „НЕМОЈ“, но не ме послуша. Имаше се*с со мене. Ми беше срам. Така ја изгубив невиноста и се чувствував глупаво. Се сеќавам дека „блеев“ во неговата полица со книги и само размислував за тоа како сега е готово и како морам да дозволам тоа да се случи“, раскажа таа.

Вели дека нејзиното искуство не било насилно и дека се’ што се случило е тоа што не ја послушал.

„Во собата беа две личности. Едната сакаше, другата велеше „НЕ“, но сепак се случи. Не ме слушна кога имав 17, но мислам дека сега дефинитивно ќе ме слушне“, заклучува.

Лејди Гага исто така призна дека ја силувал музички продуцент кога имала 19 години, а Аланис Морисет во документарецот Jagged раскажа како повеќе момчиња сек*уално ја злоставувале кога имала 15 години.

Следни Објави

Јадеш, а слабееш! Со оваа диета македонската пејачка ја доведе линијата до совршенство

Дани Димитровска пред неколку години успеа значително да ослабне благодарение на еден интересен протеински режим на исхрана. Првите два месеца консумирала само готова храна и протеински напитоци, а третиот почнала да внесува и природни протеини во форма на месо и белки од јајца. Дани, во една прилика, нагласи дека станува […]