fbpx

Убава вест за Македонците во Грција: По оваа одлука, туристите ќе заштедат некое евро

Радмило Белиќ е Србин од Атина кој ужива огромна популарност на социјалните мрежи, откако почна редовно информира за ситуацијата во грчките летувалишта.

Сите оние кои патуваат кон Халкидики веќе знаат дека од неодамна почна да се прави голем застој на обиколницата кај Солун поради работа на патот, но Белиќ има и добра вест, а се однесува на оние туристи кои сакаат да си постават свои пешкири и кои практикуваат да носат лежалки и чадори.

„Лежалките и нивната цена се чини дека се најважната информација секоја година“, низ насмевка коментира тој.

Новина е тоа што се донесе закон со кој се намалува бројот на лежалки на плажите, а се зголемува слободниот простор за луѓето кои не сакаат да ги користат услугите на бич-баровите.

„Цената на лежалките и принципот како тие ќе работат зависи од сопственикот. Дали ќе се наплаќаат фиксно или ќе може да се користи чадор и лежалка со пијалок е одлука на сопственикот. Истото важи и за цените, бидејќи нивниот опсег е навистина голем, од пристојни цени до многу високи цени. Намерата е таа бројка да се намали, бидејќи минатата година во Грција се појави „движење на слободни пешкири“ кое го бараше своето уставно право, а тоа е пристапот до плажите да е бесплатен за секој граѓанин на Грција. Затоа што ако го гледате од гледна точка на жителите на Грција, на која ѝ припаѓам, не е сеедно да секое патување на плажа ве чини цело богатство без можна алтернатива“, појаснува Белиќ.

Тој накратко се осврна и за цените во рестораните. Според неговите сознанија, годинава во поевтините ресторани цените на храната каде месото е главен оброк се движат од 30 до 50 евра за две лица. Ако јадете риба, се разбира, ќе платите поскапо, вели тој.

Следни Објави

Сашо Башески го погоди Маре директно в срце: За еден детаљ уште долго ќе се зборува

Во синоќешното полуфинале на емисијата „Никогаш не е доцна“, македонскиот натпреварувач Сашо Башески ги шармираше членовите на жирито и публиката со својата емотивна изведба на песната „Девојка из града“. Неговиот глас е препознатлив, но овојпат не само што ги покажа своите гласовни способности, туку со својата интерпретација успеа да ја […]