fbpx

Македонците ја окупираа најевтината плажа во Грција: Кафе и крофна на лежалка за 4 евра

И оваа година повеќето Македонци ја одбраа Грција како дестинација за некој продолжен празничен викенд или како место каде што ќе го поминат нивниот годишен одмор. Сите зборуваат за покачените цени на лежалките, на храната и на пијалоците, па внимателно се планира буџетот пред да се замине на избраното туристичко место.

Една понуда особено ги заинтригира нашите граѓани, а истата се однесува на Неи Пори, едно од најпопуларните летувалишта кај нашиот јужен сосед, сместен под планината Олимп и одалечен околу 160 километри од нашата граница.

Овде чадор, лежалка, кафе, крофна и шише вода ќе ве чинат само четири евра. Оние што бараат влакно во јајцето велат дека цената е ревидирана во однос на минатата сезона, но 50 центи не е ништо во споредба со поскапувањата на сите други места.

„Колку за споредба, во Лептокарија за две кафиња ќе платите осум евра, а за тие пари ќе добиете гратис вода и лежалки кои смеете да ги користите само три часа“, коментира еден турист на социјалните мрежи.

Следни Објави

Денес лајк за монструмот, утре нов убиец: Психологот Соња Станчиќ со важна порака

Снимката од бруталното убиство на поранешната сопруга, која извршителот Нермин Сулејмановиќ ја објави на својот инстаграм-профил, за кратко време собра стотина лајкови. Оваа реакција на корисниците на социјалните мрежи ја коментира психологот Соња Станчиќ. „Важно е да се разјасни зошто беше толку важно убиецот да го објави ова видео на […]