fbpx

Синот на Брена ја покажа новата девојка: Јавноста добро ја познава

Синот на музичката ѕвезда Лепа Брена и бизнисменот Слободан Боба Живојиновиќ, Виктор Живојиновиќ, денеска на сите им ја покажа својата нова девојка.

Станува збор за Софија Спасојевиќ, водителка на телевизија „Блиц“.

Софија ја краси неверојатна убавина, а само на „Инстаграм“ ја следат повеќе од 35 илјади луѓе. Таа долго време работи на кампањи за познати модни дизајнери и светски брендови за шминка, пишува „Гранд онлајн“.

Софија и Виктор позираат прегрнати, а во описот на фотографијата наследникот на Брена стави само емотикон со сино срце.

Истиот медиум пишува дека Виктор Живојиновиќ пред извесно време се иселил од луксузната вила на Брена и Бобо на Бежаниска Коса.

Виктор пред да ослабне

Како што пишуваа српските медиуми, тој одбрал стан од 140 квадрати во Нов Белград за кој неговите славни родители платиле дури 700.000 евра.

Следни Објави

Поради Магдалена си го растурил бракот: Добиле син, па ја дознал болната вистина

Повеќе од две децении страдал по школска другарка во која бил силно вљубен. После толку години конечно се споиле и добиле син, а нивната приказна одлучија да ја споделат со јавноста По завршувањето на средното училиште и по неколку години забавување, се оженил со извесна Хана со која немал деца, […]