fbpx

Пресврт! Мајката на убиената тиктокерка со потресни детали за ќерка си Ноа Миливојев

Се огласи мајката на убиената 18-годишна тиктокерка Ноа Миливојев и сподели шокантни детали за ќерка си и за нејзиниот емотивен однос со човекот кој е осомничен за убиството.

Ноа која исчезна на 17 јуни е пронајдена во четвртокот во центарот на градот. Осомниченото момче е уапсено и признал се’, а нејзината мајка Боба Миливојев открива детали од емотивната врска помеѓу нејзината убиена ќерка и човекот кој признал дека брутално ја искасапил. Да потсетиме, телото на убиениот Ноа е пронајдено во вреќи и корпи за отпадоци, пренесува „Мондо“.

„Ова е премногу тешко. Кога ќе го изгубите вашето дете нема ништо полошо. Ни недостига многу и многу ја сакаат мама, тато, бато и дада. Господ да му суди на чудовиштето што ѝ го направи ова, а јас ги повикувам властите да биде најстрого казнет! Нашиот живот веќе нема смисла, освен што имаме уште две деца. А неа ја навредуваа, малтретираа, исмејуваа. Ноа беше добро воспитано дете, а на Тик Ток добиваше само негативни коментари. И сега сите ја сакаат! Исклучете го Тик Ток, ќе биде подобро, апелирам до сите родители да ја исклучат таа мрежа“, вели Боба Миливојев.

Таа се осврна на емотивниот однос со осомничениот маж во кој била вмешана нејзината ќерка. Вели дека знае оти ја малтретирал и дека Ноа имала проблеми со него.

„Ја тепаше, ја влечеше за коса. Слушнав и дека ѝ давал лекови. Не бевме за нивната врска, бидејќи тој е манијак, психопат. Моето дете почина во најтешката агонија, очекувам тоа чудовиште да добие најстрога казна“, додава мајката.

Следни Објави

Објавени трагични вести! Естрадата тагува, збогум Кико!

По шестгодишна битка со канцер, почина Берислав Думенчиќ Беро, поранешниот тапанар на „Термити“. Популарниот Беро почина на 64-годишна возраст во четвртокот вечерта, а веста за неговата смрт ја објавија членовите на групата „Лет 3“ на нивниот Фејсбук-профил. „Збогум Кико. Секогаш велеше дека тој е пурпурна пеперутка. Инаку, Кико е коавтор […]