fbpx

Лепа Брена се огласи за трагедијата: Почивај во мир!

Легендарната пејачка е скршена од тага

На 57-годишна возраст денеска почина Јагош Марковиќ. Беше еден од најистакнатите театарски режисери не само во Србија, туку и во целиот регион.

За трагедијата се огласи и најголемата музичка ѕвезда на овие простори, Лепа Брена, која изрази големо жалење за заминувањето на реномираниот театарски работник.

„Многу ми е жал за неговото прерано заминување. Ја сакав и почитував неговата исклучителна и многу креативна режисерска работа. Се надевам дека сега е со великаните каков што беше и тој. Ќе ми остане во сеќавање како весел и креативен човек со добра мисија. Почивај во мир Јагош“, изјави Брена за „Информер“.

Марковиќ дипломира на Факултетот за драмски уметности во Белград, во класата на Борјана Продановиќ и Светозар Рапајиќ, во 1987 година.

Од 2008 година беше постојан режисер во Народниот театар во Белград, каде што ги режираше најзначајните наслови на светската и домашната класика.

Следни Објави

Почивај во мир, драга Михаела: Шокантни детали за убиената студентка од Правен, колегите се простуваат

Во Осиек денеска ќе биде погребана младата студентка на Правниот факултет, Михаела Берак, за чија смрт е осомничен 27-годишниот полицаец Марко С. Пријателите, колегите и професорите на 21-годишната студентка, која беше убиена во средата во Осиек, со трогателни посвети се простуваат од неа на социјалните мрежи. „Почитувани колеги, со тага […]