fbpx

Младоженец среде свадба пушти експлицитна снимка од невестата: Пукна брука кога видоа со кого има однос, но тука не завршило шокирањето

Иако изневерувањето никогаш не е убаво чувство, овој младоженец успеал на најлош можен начин да ѝ се одмазди на својата неверна сопруга.

Пред свадбата дознал дека сопругата го изневерува со деверот-сопругот на нејзината бремена сестра, а добил и експлицитно видео на кое се гледа како водат љубов.

Само го дочекал моментот на венчавката за да го пушти тоа видео пред сите и така да ја посрамоти.

Шокантната снимка е од 2019 година и неодамна повторно се појави на „Тик Ток“, откако беше повторно објавена од извесен корисник наречен „Кул принс“.

На почетокот, оваа свадба во Кина изгледала прилично стандардно. Невестата била облечена во традиционален бел фустан, одејќи по патеката за да му се придружи на подиумот на својот иден сопруг. Но, додека двојката стоела заедно на сцената, проекторот неочекувано се пуштил. Кога ќе забележите дека снимката почнува во хотелска соба, знаете дека има добри шанси да биде експлицитна, коментира корисникот.

Контроверзната сцена ги шокирала сватовите.

„Мислевте дека не знаев за ова?“, се слуша како вика младоженецот.

Членовите на семејството од двете страни брзаат кон сцената за да ја разделат двојката и тогаш видеото нагло завршува.

Клипот е прегледан повеќе од 18 милиони пати, а разни корисници побрзаа за да го кажат своето мислење.

„Имаше храброст да се налути како да е жртва“, коментира едно лице.

„Можеше да го направи ова во четири ѕида. Ова во никој случај не е начинот“, коментира друг.

„Зошто си потрошил илјадници долари на целата прослава ако си знаел претходно? Можеше едноставно да ја откажеш свадбата“, заклучува трет корисник.

Следни Објави

Марија Шерифовиќ откри кој е татко на нејзиниот син: „Страшен фраер е“

Пејачката Марија Шерифовиќ неодамна стана мајка, откако го доби синот Марио со помош на сурогат мајка. Момчето е родено во Америка, а таа никогаш јавно не кажала кој е неговиот татко, барем не до сега. Шерифовиќ во емисијата „Ами Џи Шоу“ првпат проговори на оваа тема. „Страшен фраер е, Европеец“, […]