fbpx

Бојана откри дека маж ѝ ја изневерува на најглупавиот можен начин

Ако сакате да проверите дали партнерот ве изневерува, без разлика дали сте жена или маж, можеби овој метод ќе ве воодушеви

„Дознав дека маж ми ме изневерува на најглупав можен начин. Сè почна на шега, но подоцна работите излегоа од контрола, а тоа ме чинеше брак“, ја почнува својата приказна Бојана.

Нејзиниот сопруг и таа имале едно правило, а тоа е дека смеат да си ги проверуваат телефоните и компјутерите, но под два услова. Првиот бил никогаш да не земаат лични работи без дозвола.

„Кога сакав да му ги проверам пораките, прво го прашував: „Може ли да ти го земам телефонот?“ и тој беше должен веднаш да ми го даде, без било што да брише од мобилниот. Но, никогаш не ми беше дозволено да го земам без дозвола.

Другиот услов бил никогаш да не си ги читаат разговорите што ги воделе со нивните најдобри пријатели.

„Значи не смееше да отвора чет со моите пријатели, бидејќи јас никогаш не го читав разговорот со неговите пријатели. И така доста убаво функциониравме со години. Како што навлегувавме подлабоко во бракот, тој стануваше се’ помалку заинтересиран за нас. Иако имав желба повторно да ги разгорувам старите емоции, тој беше целосно незаинтересиран за тоа, а јас како жена бев желна за нежност. Мојата пријателка беше убедена дека ме изневерува и ме притискаше да проверам што е можно поскоро.

Бојана размислувала што и како да прави, а потоа, како што вели, се сетила на старата поговорка дека во љубов и во војна се’ е дозволено.

„Сакав да знам на што сум, дали вреди да се борам за оваа врска или не. Затоа го прекршив второто правило. Го замолив да ми го даде својот телефон. Кога го зедов, отидов директно на групниот разговор со неговите пријатели. Немаше потреба да го враќам муабетот и да барам доказ за евентуално неверство. Се’ беше на тацна. Погодете со кого сум сега!?“.

Жени, дали вие имате увид во телефонот на партнерот?

Следни Објави

Ќерката на познатиот македонски пејач се разведе по само една година брак

Неочекуван крај Ќерката на легендарниот македонски пејач и автор Дарио Панковски се разведе по само една година брак, дознава „Репортер“. Андреа Панковска со сопругот Теодор лани летото правеше венчавка во Охрид, потоа и свадба. Дарио тогаш сподели фотографии на социјалните мрежи кои привлекоа внимание во јавноста. Сепак, двојката повеќе не е заедно, а веста […]