fbpx

„Злобна жена! Видете што ми направи“: Јасмина тврди дека свекрвата ѝ ја уништила свадбата

Јасмина Хопер се пожали на Редит како свекрвата ѝ ја уништила свадбата. На денот кога отишла да пазари венчаница, со неа била и мајката на нејзиниот иден сопруг.

„Избрав фустан во стилот на сирена со светки. Сакав да изгледам убаво на денот на мојата свадба. Сакав да облечам нешто што ќе направи да се чувствувам одлично“, пишува таа.

На денот на свадбата Јасмина била преокупирана со фризурата и шминката за кои самата се погрижила, па на почетокот воопшто не забележала дека нејзината свекрва носи речиси идентичен фустан.

-Кога се појави, на почетокот немав друга реакција освен: „Хм! Можеби не треба да го носи. Чудно е“. Се сеќавам дека сестра ми ми рече: „Сакаш ли да ја успијам со вино?“, но јас не сакав да правам проблеми. Сепак, еднаш се мажам во животот, нели-објаснува таа.

Но, следниот ден, како ги гледала свадбените фотографии, така растел и гневот. Албумот му го однела на сопругот, кој исто така не пријавил што ќе носи мајка му на свадбата.

„Не можам ни со зборови да опишам колку ми е срам сега што свекрва ми облече ист фустан како мојот. Ме боли душата“, објаснува таа.

По свадбата речиси девет месеци не разговарале, се’ додека таа самата не ѝ пришла.

„Беше шокирана кога слушна дека тоа е поради нејзиниот избор на фустан. Таа немаше поим дека сме лути на неа поради тоа. Но потоа, наместо да се извини, рече дека фустанот и онака не е бел, туку беж со златни светки“, се присетува Јасмина.

Таа уште повеќе се налутила и ѝ објаснила дека апсолутно сите забележале дека фустанот е целосно бел како нејзиниот, со чипка во стил на сирена. Уште еднаш се обидела да ѝ ја објасни ситуацијата, а свекрвата подоцна на Јасмина ѝ испратила извинување, што невестата го прифатила. Сепак, и покрај ова, работите тргнале на полошо.

Два месеци по пораката, свекрвата повторно ја разгорела кавгата кога на младенците им испратила божиќна честиткиа-во која имало и слики од свадбата.

Што би направиле во оваа ситуација?

Следни Објави

Имате две исти букви во името? Нумеролозите откриваат каква ви е судбината

Нумерологијата открива бројни лични карактеристики и особини на личноста. Така е и кога се работи за личното име и презиме. Имено, според нумеролошките толкувања, секоја буква носи различни вибрации поврзани со соодветниот број во името. Исто така, повторувањето на одредени букви во името создава позитивни и негативни карактеристики на личноста. […]