fbpx

По шест години брак стана татко, па му дијагностицираа ретко заболување: Јордан Митев сега живее со полни гради

Јордан Митев минатата година стана татко по шест години брак, а сега одлучи на своите обожаватели да им ја покаже ќеркичката.

Фотографијата на која позира со малата Кристина и сопругата Славица ја сподели на „Фејсбук“.

Објавата веќе има 11 илјади лајкови што навистина ретко се случува кога е во прашање домашен изведувач.

Митев го доби своето прво дете додека беше на турнеја во Австралија.

Пред една година на пејачот му беше дијагностицирано ретко автоимуно заболување.

„Настана еден тотален мрак во мојот свет кога ми дијагностицираа инвазивен планоцелуларен карцином кој мораше брзо да се отстрани. Два месеца од првичната дијагноза до конечната беше можеби најтежок период во мојот живот. Процесот на анализи, испитувања, чекање резултати, кога човек е во таква ситуација имате чувство дека еден ден трае една година. Но, со Божја помош некако на крај завршив со дијагноза на ретка автоимуна болест која се вика пенфигус вулгарис. Проблем со кој може да се живее доколку се стави под контрола, за разлика од првиот кој ставањето под контрола беше под знак прашање“, раслажа пејачот неодамна во интервју за „Женски магазин“.

Следни Објави

Сашо одлучи што ќе прави по победата: И Калиопи кажа нешто неочекувано

Сашо Башески е новата македонска гордост откако синоќа победи во регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“. Талентираниот прилепчанец не ги криеше емоциите по триумфот, а сега откри и какви му се плановите по финалето. „Малку да ги средам впечатоците, па продолжувам. Имам некои понуди за песни, па ќе видиме. […]