fbpx

Го прегрнала, а тој направил нешто шокантно: Вака изгледала првата средба на Коста со мајка си

Коста Кецмановиќ, 13-годишното момче кое на трети мај го изврши масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ и со пиштолот на татко му застрела девет ученици и чуварот на училиштето, во вторникот за прв пат по два и пол месеци се сретна со својата мајка.

Како што открива извор за српски „Информер“, иако се очекувало момчето, кое е одвоено од семејството и е под постојан надзор во психијатриска установа, да покаже емоции при средбата со своите најблиски, тоа не се случило.

Цело време му било ладно и се однесувал како странец кон мајка си.

„Првичната причина за нивната средба беше тоа што таа како старател мораше да присуствува на сослушувањето на Коста кој сведочеше во истрагата која се води за неговиот татко. Кога влезе во собата, мајка му го прегрна, но тој остана прилично ладен. Изгледаше како да се странци, како да не се работи за мајка и дете“, ја опишува изворот оваа долгоочекувана средба.

Соговорникот открива дека сите присутни биле шокирани, бидејќи на ист начин се одвивало и рочиштето кое траело нешто подолго од четири часа.

„Кога почна распитот, кој се одвиваше преку видео-конференција воспоставена меѓу клиниката и Вишото јавно обвинителство во Белград, Коста делуваше малку вознемирено, но потоа во еден момент сосема се смири и остана присебен“, објаснува соговорникот.

Тој открива и дека Коста во еден момент изразил каење за злосторството што го направил.

„На сите присутни им беше јасно дека каењето не беше искрено. Се чинеше дека го кажа тоа само затоа што мораше, без никакви вистински емоции. Одговорите кои ги даде повеќе личеа на некој кој е многу постар од него, нема сомнеж дека се работи за дете кое е манипулатор, свесно за се’, па дури и какви одговори треба да се дадат на одредени прашања“, вели истиот извор.

За време на распитот на масовниот убиец, до него седела мајка му.

Да потсетиме, Вишото јавно обвинителство во Белград го сомничи таткото на момчето, Владимир Кецмановиќ, дека сторил тешко кривично дело против општата безбедност. Тој се товари дека не го обезбедил соодветно оружјето за кое имал дозвола за да не дојде до него малолетниот син, но и дека го однел детето на стрелиште и го научило да пука, иако имало само 13 години.

Следни Објави

„Капа долу, мајсторе“: Ова е најубавото запросување досега, Емили кажа „ДА“

Емотивно видео од запросување стана вирално на социјалната мрежа „Тик Ток“ и има неверојатни 16 милиони прегледи. Момче пред да ја запроси својата девојка, ѝ пушта снимка со аудио запис на кој се слуша нејзиниот покоен татко кој дава благослов тој да ја побара раката на ќерка му. Тој починал […]