Прва рожба по шест години брак
Јордан Митев стана татко. Популарниот македонски пејач самиот ја сподели радосната вест на социјалните мрежи.
„Дваесет години патувам низ светот и на многу турнеи Господ ме дарува со благодети, но на оваа турнеја Господ ми го даде најголемиот дар, ми се роди ќерка. Добредојде ќерко“, напиша гордиот татко.
Ова е прво дете за Митев и неговата сопруга Славица со која е во брак шест години.
Во моментов е на турнеја низ Австралија, а со него замина и сопругата која пред да се пресели во Македонија живееше во Мелбурн.