fbpx

Детали за загинувањето на Кристина (25): Една работа е нејасна

Кристина Миленковиќ (25) од Лебане загинала во Швајцарија кога, според нејзините блиски, паднала под воз. Се’ уште ги немаат сите детали поврзани со несреќата, па ќе мора да почекаат на официјалното соопштение.

Трагедијата се случила во неделата наутро околу шест часот, а засега не се знае точно како убавата Србинка паднала под локомотивата.

„Девојката паднала под воз, а како се случила страшната трагедија засега не се знае. Инспекторите се’ уште работат на случајот и ги испитуваат сите околности кои довеле до смртта на младиот човек“, вели доброупатен извор на „Курир“.

„Инспекторите утврдуваат и дали имало очевидци кои би можеле да им помогнат да го решат случајот, а се прегледуваат и надзорни камери со чија помош би се утврдило дали некој друг бил со Кристина во критичниот момент. Телото е однесено е на обдукција“, додава тој.

Семејството на Кристина живее на југот на Србија и во неделата ја дознале страшната вест. Не можат да сфатат како дошло до несреќата и како е можно таа да паднала под возот.

„Кристина беше прекрасна, убава девојка која на 10 февруари замина во Швајцарија на работа. Инаку, повремено одеше во странство за да заработи џепарлак“, велат тие.

Роднини и пријатели на Кристина се збогуваат со потресни пораки и фотографии на социјалните мрежи.

„Господе, зошто зеде таква убавина? Такви луѓе избираш за својата рајска градина. Мое сочувство до семејството“, е само еден од многуте коментари.

Следни Објави

Боки 13 видно поправен се појави во јавност: Еве што откри за неговото здравје

Поранешниот шоумен и бизнисмен Бојан Јовановски денеска се појави пред Основниот кривичен суд Скопје и преку медиумите порача дека бара фер, а не хистерична и брза судска постапка за случајот „Меѓународен сојуз“. Ова е негова прва изјава откако доби прекин на издржувањето на затворска казна за „Рекет“ поради здраствени причини. […]