fbpx

„Ѝ направи дете на комшивката додека бевме во брак“: Една работа ја шокира, вистината ја уништи

Жена која инсистира да остане анонимна одлучи да ја раскаже својата невообичаена љубовна приказна.

Со сопругот поминала четврт век во брачна заедница пред речиси истовремено да сфатат дека едноставно емоциите комплетно исчезнале и дека единствена логична работа е да се разведат. Така и направиле.

Сепак, судбината имала поинакви планови, откако мажот доживеал мозочен удар. Тогаш оваа 51-годишна жена одлучила да го повика поранешниот сопруг повторно да се всели во нивниот заеднички дом за да му помогне.

„Не ми се допаѓаше идејата некој непознат да се грижи за него“, вели таа за британски „Сан“.

Како што објаснува, по несреќата нејзиниот довчерашен партнер со кого има и два сина почнал да се однесува конфузно, често да заборава каде се наоѓа, а на моменти и воопшто да не ја препознава..

На моменти знаел да евоцира спомени, со часови да се навраќа во минатото, па така едно попладне во плач ја почнал својата најнова исповед..

„Ми призна дека неколкупати ме изневерил уште додека бевме во брак. Ми рече оти е сигурен дека има уште две вонбрачни деца кои ги добил со различни жени од нашиот комшилук. Не успеав да изговорам ни збор, само ја напуштив собата. Кога успеав да се соземам и да се вратам кај него, прво што ме праша е која сум јас. Сега не знам дали тоа што ми го кажа воопшто е вистина и дали тие деца навистина постојат“, коментира оваа несреќна жена.

Кога го потсетила на разговорот, ѝ рекол дека не се сеќава дека изговорил такво нешто.

„Во шок сум, не знам што да правам“, ѝ се пожалила таа на една докажана психотерапевтка.

„Тоа е големо признание и не е чудно што се’ уште сте во шок. Како што велите, не можете да ја знаете вистината. Ако го прашате повторно, којзнае што ќе ви одговори. И да, синовите имаат право да знаат ако некаде имаат уште браќа и сестри. Кажете им ја вистината, кажете им дека постои таква можност. Не чекајте тие самите да дознаат од некого“, ѝ одговорила таа.

Следни Објави

Каков пресврт! Огромна животна промена во јули за овие луѓе

Вториот летен месец ќе биде клучен за некои хороскопски знаци, бидејќи ќе направат потези кои од корен можат да им го преобразат животот. Освен уживањето во секојдневието, овој период е важен и за поставување планови и започнување на големи промени. Астролозите веруваат дека јули ќе биде особено поволен за три […]