fbpx

Откри дека сопругот ја изневерува: Пресврт! Клекна и му се извини

Изневерените партнери во една врска или брак се’ почесто се охрабруваат јавно да ги споделат нивните животни приказни.

Овие луѓе со скршени срца се’ повеќе се охрабруваат да си ја отворат душата на социјалните мрежи, а една таква приказна неодамна предизвика лавина коментари.

Овојпат изостана онаа стандарна драма и хистерија, откако оваа изневерена жена отиде во друга крајност, фокусирајќи се на толеранција и разбирање.

Марисела Руиз раскажа како го фатила сопругот со кого има две деца на дело во хотелската соба. Но, тоа не било најголемиот шок!

Како што откри, наместо со швалерка, го затекнала со неговиот „најдобар другар“. Откако некако успеала да се соземе, тој ѝ раскажал дека со години му било страв да ѝ признае дека е геј.

Одлучила да му прости, дури во еден момент се почувствувала и виновна што порано не забележала дека човекот со кого го дели креветот си имал голема мака.

Првите сомнежи дека мажот ја изневерува ѝ се јавиле кога по девет години брак почнал постојано да бара изговори за да отсуствува од семејниот дом. Помислила дека има афера со некоја колешка од работа, но, како што вели, воопшто не претпоставила дека работата е многу посериозна.

По неколкуте „ноќни смени“ на сопругот, одлучила да се распраша кај неговите колеги и тогаш открила дека всушност тие имаат фиксно работно време од 9 до 17 чачот. Тогаш решила наредната вечер да го следи додека тој наводно оди на работа. Така стигнала до хотелот и останатото веќе го знаете.

Она што ги шокира сите е токму нејзината неверојатна реакција. Марсела, како што вели, клекнала и почнала да го моли да ѝ прости што ништо не забележала. Изневерената жена тврди дека со помош на психолог на крај успешно ја пребродила траумата и дека развила блиско пријателство со својот сега веќе поранешен маж.

Следни Објави

Неочекувани пари до 31 декември за овие хороскопски знаци

Астролозите се едногласни Овие хороскопски знаци имаат најголеми изгледи за неочекуван финансиски прилив до 31 декември. Водолија До крајот на годината, Водолиите ги очекува просперитет, а финансиската ситуација ќе биде во нивна полза, особено за оние припадници на овој знак кои се занимаваат со приватна работа. Што се однесува до […]