fbpx

Нашол паричник со 150 денари и писмо со адреса: Кога тропнал на вратата се шокирал

Вракајќи се од работа, едно момче пронашло паричник на улица. Го отворил надевајќи се дека ќе пронајде документи за да го врати на сопственикот, но доживеал неверојатно изненадување.

Внатре имало само три долари (150 денари) и старо стуткано писмо. На ковертот читливо била испишана и адресата.

Момчето од Бруклин почнал да го чита писмото, со намера да дознае повеќе податоци за сопственикот. Подоцна се дознало дека истото е напишано пред цели 60 години и дека е наменето за извесен Мајкл.

Ова тажно писмо во кое девојчето со име Хана му објаснува на саканиот дека не може да се гледаат, бидејќи мајка ѝ не ѝ дозволува, но дека засекогаш ќе го сака, предизвикало неверојатни емоции кај момчето кое го пронашло. Сепак, се’ уште немало никакви информации за сопственикот на паричникот и писмото. Одлучил да побара телефонски број со помош на адресата запишана на пликото.

Од кол-центарот го поврзале со жената која живее во таа куќа. Таа му објаснила дека пред 30 години го купила домот и дека претходните газди имале ќерка која се викала Хана. Му открила и дека Хана морала да ја смести мајка си во старечки дом.

Момчето се заблагодарило и тргнало во потрага. Се јавило во домот за стари лица од каде му објасниле дека мајката на Хана починала, но дека нејзината ќерка живее токму кај нив.

„Иако се прашував дали вреди целиот овој труд, отидов во домот. Сестрата ме однесе во собата каде седеше една пријатна старица и гледаше телевизија. И раскажав се’, а таа низ солзи ме погледна и ми призна дека многу била вљубена во Мајкл, но дека имала само 16 години и мајка ѝ не дозволувала да се омажи за него. Ова писмо ѝ било последниот контакт со него“, раскажува тој.

Хана го замолила да ѝ вети дека ако го пронајде Мајкл, да му пренесе дека се’ уште мисли на него и дека се’ уште го сака.

На излегување од домот, чуварот го прашал дали го добил тоа што го барал. Му одговорил дека го дознал и презимето на човекот кому му е упатено писмото. А, тогаш следувал шок!

Чуварот го препознал паричникот на мажот кој бил сместен во истиот дом, само неколку ката погоре.

Момчето се вратило до сестрата и ја замолил да го однесе до господинот Голдштајн. Во собата затекнал старец како чита книга. Му објаснил се’, а тогаш следувал уште еден шок! Мајкл му признал дека смртно бил вљубен во Хана и дека поради неа никогаш не се оженил.

По речиси 60 години, двојката повторно се сретнала. Хана и Мајкл со години живееле под ист покрив, но судбината сакала дури сега повторно да се спојат на еден ваков неверојатен начин.

Оваа приказна е уште еден доказ дека вистинската и искрената љубов никогаш не поминува.

Следни Објави

Жените од овие 4 знаци ќе станат милионери и без богато да се омажат

Дали некогаш сте се запрашале дали имате потенцијал да станете милионер? Иако не постои загарантиран пат до огромно богатство, астрологијата сугерира дека одредени хороскопски знаци може да имаат природна предност кога станува збор за акумулирање богатство. Четири хороскопски знаци често се поврзуваат со потенцијалот да постигнат статус на милионери, а […]