fbpx

Му роди два сина, а сега се појавија и ретки слики од свадбата: Лидија како воопшто да не се променила

Актерката Лидија Вукичевиќ, жена која не се сменила речиси 30 години и која според многумина изгледа се’ подобро со текот на времето, не зборувала често за својот емотивен живот во јавноста, што е случај и со нејзиниот поранешен сопруг.

Со него се разделија во далечната 1991-ва година. На 29-годишна возраст, кога доживеа вртоглава популарност играјќи ја улогата на Виолета Попадиќ, актерката се заколна на вечна љубов со тогаш успешниот фудбалер Митар Мркела, па не е чудно што свадбата на Лидија Вукичевиќ предизвика големо внимание во јавноста.

Млади, убави и успешни, својата долгогодишна љубов ја крунисаа со брак од кој добија два сина, но иако Лидија ја запостави својата глума додека тој ја градеше кариерата во странство, тоа не беше доволно за нивната заедница да преживее. Девет години по свадбата двојката се раздели, кога нивниот син Андреј одел во трето одделение во основно училиште, додека Давид имал три години.

Ретките фотографии од нивната свадбена веселба сведочат зошто Лидија важи за една од најубавите и најпосакуваните дами од јавната сцена.

Лидија денеска на шега вели дека е среќно разведена, а во интервјуата постојано истакнува дека синовите ги одгледала без ничија помош.

„Моите деца ги воспитав сама. Јас сум апсолутно и двајцата нивни родители. Не велам дека мојот поранешен сопруг не се занимавал со нив. Секако дека да, но за мене е поинаку бидејќи живеев сама со нив последните 17 години“, изјави во една прилика Вукичевиќ.

Следни Објави

Неочекувана промена: Анета од „Молика“ ги изненади сите

Анета Љумаковска, сега веќе поранешната пејачка на познатата македонска група „Молика“, направи драстична промена во својот изглед. На социјалните мрежи е објавена фотографија на која таа позира со комлетно нов имиџ, а трансформацијата ги изненади сите. Сликата ја објави прилепскиот дизајнер Алек Палада. „Промените почнуваат на крајот од твојата комфорт-зона“, […]