fbpx

„Додека дишам и Бог е со мене, нема да се откажам“: Сања на 52 години стана мајка

Фолк-ѕвездата Сања Малетиќ стана мајка на 52 години. Пејачката роди здраво девојче, информираат српските медиуми.

Истакнатата естрадна уметница конечно ја доби долгогодишната борба за потомство, а за која отворено зборуваше во медиумите.

Приновата е вистинска круна на љубовта меѓу Сања и нејзиниот сопруг со кој е во брак повеќе од една деценија, пишува „Курир“.

Ќерката доби име со посебно значење. Вања потекнува од рускиот јазик и има длабоко значење „она што е испратена од Бога“, „жена која е Божја сила и благодат“ како и „таа што е почитувана и сакана“.

Сања имаше неколку неуспешни ин витра пред да се реализира како мајка.

„Се’ додека дишам и Бога е со мене нема да се откажам“, често изјавуваше таа.

Следни Објави

Зетот ја малтретира невестата: Се слуша крик, гостите не можат да се соземат (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се шири шокантна снимка од свадба на која младоженецот без срам демонстрира грубо однесување кон невестата пред гостите. Членовите на нејзиното семејство не можат мирно да гледаат како младоженецот нервозно и грубо ја влече раката на својата идна сопруга, која се сопнува во венчаницата додека се качува […]