fbpx

Андријана блесна во Драчево: Уште долго ќе се зборува за овој нејзин потег

Младата македонска пејачка Андријана Петрушовска, на која за влакно ѝ избега победата во регионалното музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, го одржа својот прв солистички концерт во Македонија.

Шоуто кое се одржа во Драчево го отвори со емотивна изведба на антологиската народна песна „Јовано, Јованке“ која ја отпеа и на еден од нејзините финални настапи.

„Добровечер Драчево, многу ми е мило што ве гледам во толкав број. Ви благодарам што ме бодревте сето ова време и што го освоив третото место во финалето“, кажа на почетокот Андријана.

Таа за оваа специјална вечер избра елегантен долг бел фустан кој ги остави присутните без здив.

Со впечатливиот стајлинг никого не остави рамнодушен, а во исто време Петрушовска ја истакна својата елеганција, но и витката линија.

Следни Објави

Ја гледавме секојдневно на екран: Македонската водителка старее достоинствено

Долгогодишната презентерка и водителка во МРТ, а подоцна и уредничка, е жена за пример како треба да се старее достоинствено. Розета Арсова е телевизиска личност која не се заборава. Остана запаметена по радиофоничниот глас, ставот на држење, ненаметливоста и беспрекорната елеганција. Доследна на својот стил, со години ја носи истата […]