fbpx

Беше најубавата Југословенка: Животот преку ноќ ѝ стана бајка, па заврши трагично

Во 1966 година таа беше првата Југословенка која дома се врати со титула од најпрестижниот натпревар за убавина „Мис на светот“ кој тогаш се одржа во Лондон.

Никица Мариновиќ од Дубровник како претставничка на тогашната СФРЈ го освои второто место и стана прва придружничка на Индијката Реита Фариa.

На изборот, наводно, се нашла случајно. Во времето кога се организирал изборот „Мис Југославија“, женскиот неделник „Базар“ ја презел организацијата. Меѓутоа, главната уредничка не била задоволна од пријавените кандидатки и тргнала во потрага по анонимни девојки. Таа ја сретнала Никица, која тогаш била средношколка. Одвај успеала да ги убеди нејзините конзервативни родители да ја пуштат да учествува.

Од тоа време кружат приказни дека лентата за најубава на планетата ѝ се лизнала од раце затоа што била од земја од комунистичкиот блок. Но, факт е дека ниедна убавица од Југославија подоцна не успеа да освои толку висока титула.

По триумфот на изборот таа се преселила во Белград. Се зборуваше дека го одбила славниот филмски продуцент Дино де Лаурентис, кој ѝ нудел исполнување на холивудскиот сон, објаснувајќи му дека нема талент за глума.

Никица има два брака позади себе. Прво се омажи за белградскиот книжевник и режисер Вук Вучо, со кого го доби синот Ѓорѓе. Бракот траеше кратко, а по втор пат застана пред олтар со славниот режисер Здравко Шотра, со кого го имал синот Марко. И таа љубов заврши неславно.

Кога преку ноќ ја снемува од јавната сцена, долго се шпекулира за нејзиното ментално здравје. Во ноември 2008 година стигнува најлошата вест. Никица се напила смртоносна доза апчиња за спиење. Не остави проштално писмо, па причината за самоубиството и денес е мистерија. Имаше 61 година.

Следни Објави

„Се изедов жива“: Никој не може да поверува, се огласи Добрила (96)

На Добрила Ивановска-Чабриќ (96) годините не ѝ можат ништо. Македонска пејачка која ги освои симпатиите во шоуто „Никогаш не е доцна“ е активна на сите полиња. Живее убав пензионерски живот, а покрај пријателите, друштво ѝ прават и кучињата без кои никаде не оди. Таа со радост подготвува нови проекти, а […]