fbpx

Беше Мис на Македонија, па комплетно ѝ се промени животот: Еве што работи денес

Поминаа две децении откако Марија Васиќ беше прогласена за Мис на Македонија во тогаш преполната Универзална сала.

Со убавина, грациозност и шарм победи на, во тоа време, најпрестижниот избор за убавина кај нас.

Од времето кога во 2003 година отпатува во Кина за да ја претставува Македонија на Мис на светот до сега многу нешта се сменија во животот на Васиќ.

Таа денес е доктор-анестезиолог и мајка на два сина.

„Професијата доктор е навистина најхуманата професија, со право од Бога благословена и до Бога возвишена од самото раѓање па сѐ до смртта! Веќе шест години како доктор-анестезиолог работам во приватна клиничка болница.

Мојата професија подразбира голема одговорност и посветеност кон тешко болните, но задоволството и насмевката на секој пациент, го анулира мојот секојдневен стрес и ми дава дополнителна мотивација да бидам уште подобра и поуспешна во тоа што го работам“, раскажа Васиќ во едно од ретките интервјуа кое го даде лани откако се појави на манифестацијата „Златна Бубамара на популарноста“ за да му врачи награда на Мирослав Илиќ.

Следни Објави

Го покани соседот на кафе: Ѝ направи нешто од кое не може да се опорави

Една жена го раскажа своето интересно доживување кое го имала кога заминала на гости кај нејзината мајка. Како што самата вели, соседот кој штотуку го запознала ѝ оставил голем впечаток, а она што следувало подоцна одлучи јавно да го сподели. „Двапати неделно одам кај мајка ми да ѝ помогнам околу […]