fbpx

Со години ја малтретираа: Најубавата жена од Југославија денес изгледа вака

Прекрасната сплиќанка Ана Сасо беше една од најпосакуваните жени во поранешна Југославија. Иако имаше бројни додворувачи, таа одбра мажи кои со години ја малтретираа и животот ѝ го претворија во пекол.

Во 1982 година, Сасо беше прогласена за Мис на Југославија, а на изборот за Мис на светот влезе меѓу 15-те најубави жени.

Не постои маж на овие простори којшто не се сеќава на неа во мокра маичка од секси рекламата за еден освежувачки пијалок.

Кога и официјално стана најубава, Ана се стекна со огромна популарност, но тоа не ѝ донесе среќа во љубовта.

Манекенката беше во брак со „кралот“ на ноќните забави, Ненад Баре Теклиќ. Тој го возеше првото Порше во Сплит и во период од три децении ги отвори најубавите локали и клубови во Далмација. Го поврзуваа и со познатата пејачка Дорис Драговиќ, а пред неколку години загина во сообраќајна несреќа.

Сасо беше во брак и со Игор Францески. Рибар и правник кој бесрамно ја изневеруваше со помлади девојки. Го остави, а две години по разводот тој беше уапсен во неговиот стан во Сплит поради организирана проституција.

Последната информација е дека Ана е во врска со доктор, но таа никогаш отворено не проговори за љубовниот живот.

Факт е дека и во шесттата деценија изгледа феноменално, а доказ за тоа се и фотографиите кои ги објавува на социјалните мрежи.

Следни Објави

Денеска е Св. пророк Самуил: Не правете го ОВА ако сакате да ве следи среќа и љубов

Верниците денеска го слават Свети пророк Самуил. Беше омилен меѓу Израилот и многумина искрено ја исплакаа неговата смрт. Свети пророк Самуил живееше околу 1100 години пред Христа. Беше родум од местото Рамат, или Ариметеја, и беше дете измолено од Бога од мајка му Ана, која долго време немаше пород. На […]