fbpx

Нека не ве лажат: Еве како да си одберете зрела лубеница

Дојде тој период од годината кога сите сакаме да се разладиме со убава, ладна и сочна лубеница.

Еве неколку трикови како да одберете вкусна лубеница.

Зрелата и слатка лубеница треба да биде со темно зелена боја. Треба да ја подигнете. Ако е зрела, би требало да е тешка за својата величина. Дури 92 посто од лубеницата е составена од вода. Незрелата лубеница е лесна за големината, бидејќи не собрала доволно вода.

Побарајте ја страната на лубеницата која лежела на земја. Секоја лубеница го има тоа место и би требало да биде кремасто и жолтеникаво. Тоа е спој на боја од банана и лимон, а ако е бела или светло жолта бојата, значи дека во раката држите незрела лубеница.

Искористете ги овие совети и веднаш тркнете во супермаркет или на пазар. Па, споделете впечатоци. Пријатно јадење!

Следни Објави

Исповед на Милена: Сопругот ми почина, а јас сум интимна со друг, фамилијата сака да ме убие

Колку време е потребно за една вдовица да престане да жали и да продолжи со животот, прашува оваа вдовица „Сопругот замина на работа, а оттаму ми јавија дека починал. Едноставно паднал и престанал да дише. Што да правам, со мало дете останав сама, и наместо таа трагедија да е доволна, […]