fbpx

„Се изедов жива“: Никој не може да поверува, се огласи Добрила (96)

На Добрила Ивановска-Чабриќ (96) годините не ѝ можат ништо. Македонска пејачка која ги освои симпатиите во шоуто „Никогаш не е доцна“ е активна на сите полиња. Живее убав пензионерски живот, а покрај пријателите, друштво ѝ прават и кучињата без кои никаде не оди.

Таа со радост подготвува нови проекти, а во слободното време уште има огромна желба да патува. Неодамна се пофали дека секаде ја викаат да гостува, а сега откри и една тажна вистина.

„Ме викнаа во Австралија, но не сакаа да ми дадат работна виза. Ми кажаа дека даваат само до 75 години, па така изгубив добра тезга. Се изедов жива, но никогаш не е доцна“, вели Добрила.

Кога минатата година доживеа сообраќајка со својот автомобил, таа имаше само една желба-да си купи нов.

„Немам време да остарам, многу работам, ако не работам возам. Пред две години добив тригодишна дозвола, треба да помине уште една година, па претпоставувам дека ќе ми дадат нова“, признава пејачката.

Животот не ја мазел воопшто, но успеа да се справи со сите предизвици и да дочека длабока старост. Се пофали дека подготвува автобиографија, а една од семејните трагедии кои ќе бидат опфатени во книгата е загубата на синот. За него кратко зборуваше во едно интервју.

„Ако јас мојот син не успеав да го убедам дека животот е убав и дека треба јас да сум му пример, јас немам права да заминам по него. Тој крена раце од себе си, од животот, тој не сакаше да се лечи. Замина прерано и велам дека немам право да заминам по него затоа што мене тој пат секако ме чека“, раскажа Добрила.

Следни Објави

Нека не ве лажат: Еве како да си одберете зрела лубеница

Дојде тој период од годината кога сите сакаме да се разладиме со убава, ладна и сочна лубеница. Еве неколку трикови како да одберете вкусна лубеница. Зрелата и слатка лубеница треба да биде со темно зелена боја. Треба да ја подигнете. Ако е зрела, би требало да е тешка за својата […]