fbpx

Лани имаше сообраќајка, сега си купи нова кола: Добрила (95) не мирува (ФОТО)

Кога минатата година доживеа сообраќајка со својот автомобил, 95-годишната Добрила Ивановска-Чабриќ имаше само една желба-да си купи нов.

Нашата пејачка која ги освои симпатиите во Шоуто „Никогаш не е доцна“ долго го чекала моментот да „застане на нозе“ и повторно да си купи сопствено возило. Сега желбата конечно си ја исполни.

Македонската „супербабичка“ се пофали дека во нејзиниот прекрасен двор во Дојран конечно пристигнал новиот автомобил.

„Си купив мал автомобил и се чувствувам како птица со крилја. Толку долго го чекав.. Колата ми е одлична, мала и удобна, економична и не инспирира лудории. Сега возам бавно и безбедно“, открива Добрила за „Гранд онлајн“.

Жешките летни денови ги поминува дома покрај езеро.

„По сите брзања со промоцијата на мојата книга „На пат кон стотката“ во Србија и регионот, конечно уживам во мојот сладок дом, во мојот Дојран покрај езерото. Пливам секој ден, тоа е одлична физичка активност, погодна за секого, без разлика на возраста. Сега процветаа алгите во езерото, па водата е одлична, некогаш лековита, некогаш топла. Овде сум со друштво, сакам да бидам во големо друштво и го имам, фала богу“, вели Добрила.

Покрај пријателите, друштво ѝ прават и кучињата без кои никаде не оди.

„Тоа е мојата најголема радост. Со нив го обиколувам целиот регион, каде одам јас, одат и тие“, завршува таа.

Следни Објави

Заборавете на лекарства! Овој трик за две минути го симнува притисокот

Личностите кои имаат проблем со притисок, пред сѐ мора да ги променат своите прехрамбени навики. Лекарите велат дека за успешно регулирање на високиот крвен притисок најважно е да се намали внесувањето на сол и на маснотии во организмот. Крвниот притисок може да го регулирате со лекарства, но и со консумирање […]