Фенг шуи експертите имаат многу совети кои животот можат да ви го направат посреќен и поубав. Сѐ што треба да направите е грижливо да ги одберете работите кои ќе ги внесете во вашиот дом.
Од изборот на мебел и на бои, па се’ до уредувањето на дневната и на спалната, мора да бидете добро информирани.
За Фенг шуи честопати луѓето мислат дека е начин на уредување на домот кој содржи многу мистичност во себе. Всушност Фенг шуи е еден вид уметност и наука која се занимава со протокот и кружењето на енергијата на животот наречена Чи.
Според Фенг шуи постојат предмети во домот што предизвикуваат негативна енергија и носат несреќа. Дури се смета дека некои предмети предизвикуваат и болести. Станува збор за нишалка и за скршен или расипан часовник. Никако не се препорачува и ѕидовите да ги обоите во зелена нијанса.
Постојат и предмети кои ќе ве заштитат од негатвна енергија и кои мора да ги имате. На пример, бамбусот е билка која носи среќа во домот.
Препорачливо е да имате и повеќе свеќи и огледала, а ако сте личност која често медитира или практикува јога, можете во својот дом да внесете мир со тоа што ќе додадете мала фигура од Буда.
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО