fbpx

Овие пет работи носат несреќа во домот: Веднаш фрлете ги!

Постои верување дека одредени работи му носат несреќа на семејството ако истите се наоѓаат на погрешно место во домот.

Ако сакате да се ослободите од негативната енергија, експертите по фенг-шуи советуваат веднаш да се ослободите од нив.

1. Огледало завртено кон креветот

Се верува дека огледалото свртено кон креветот може да предизвика проблеми во љубовната врска пуштајќи лоши влијанија однадвор во инаку добриот и здрав брак.

2. Црна врата

Бојата на влезната врата најдобро е да ја одредите според тоа на која страна е свртена. Црна врата може да имате само ако истата гледа на север, во спротивно во вашиот дом ќе привлечете лоша среќа.

3. Растение со боцки

За остри, шилести предмети исто така се смета дека носат несреќа и ако сакате вашиот дом да привлече позитивна енергија избегнувајте во него да држите растенија со боцки, како на пример, кактуси.

4. Календар на погрешно место

Календар закачен на влезната врата од куќата е потсетник на минливоста на животот и се верува дека тогаш влијае на траењето на животниот век на неговите станари.

5. Слика од бродолом

Слика со бродолом претставува немир кој може да влијае на однесувањето и енергијата на станарите.

Следни Објави

„Злобна жена! Видете што ми направи“: Јасмина тврди дека свекрвата ѝ ја уништила свадбата

Јасмина Хопер се пожали на Редит како свекрвата ѝ ја уништила свадбата. На денот кога отишла да пазари венчаница, со неа била и мајката на нејзиниот иден сопруг. „Избрав фустан во стилот на сирена со светки. Сакав да изгледам убаво на денот на мојата свадба. Сакав да облечам нешто што […]