fbpx

Солзи и неверување: Македонија тагува, ненадејно почина Илија

На 55-годишна возраст вчера ненадејно почина Илија Хаџи-Мојсов, долгогодишен физеотерапевт на фудбалскиот клуб „Беласица“, вработен во Клиничката болница во Штип.

„Имаше магична моќ во рацете“, пишува администраторот на фејсбук-страницата „Штипски асови“.

Неговите сограѓани велат дека бил почитуван професионален масер кој помогнал многу спортисти, но и други пациенти побрзо да ги залечат повредите. Ќе го паметат како човек секогаш расположен за разговор, „одговорен“ за забава и веселби во друштвото.

„Бев другар со Иле. До последен ден се дружевме. Беше пријатен, секогаш насмеан и весел. Знаеше и да запее. Беше и боемчина. Многу болно ја примив веста дека повеќе нема да го видам мојот голем другар, ИЛЕ. Секогаш ќе се сеќавам на него, на неговите добри работи што ги правеше на сите спортисти, и не само на нив. Знаеше да помогне и по полноќ, да спаси некој човечки живот Никогаш нема да го заборавам ова хумано момче“, вели познатиот спортски работник Ване Хубрев.

Следни Објави

Спектакл во Охрид: Сѐ е подготвено за венчавката на Ебру и Џеди

Ѕвездата на турската хит-серија „Невозможна љубов“, актерката Ебру Шахин утре ќе се венча на брод во Охрид со НБА-ѕвездата со македонско потекло Џеди Осман. Нашиот туристички бисер е родниот град на популарниот кошаркар. Тој е роден во Македонија во 1995 година, а потоа со семејството се преселил во Турција. Игра […]