Урнебесна фотографија кружи по социјалните мрежи
Секој што бил во врска во даден момент се има запрашано дали личноста покрај себе е онаа вистинската. Некои едноствано ги игнорираат сомнежите, некои молат за совет од пријателите, а некои бараат знаци кои ќе им ја разрешат дилемата.
Ако мажот од оваа неверојатно смешна фотографија спаѓа во третата категорија на луѓе, веројатно веќе побегнал од партнерката.
Оваа на прв поглед вообичаена и невина слика „го крие ѓаволот“ во себе“. Погледнете ги убаво сенките од нејзината глава потпрена на градите на мажот. Таа совршено ја оцртува силуетата на Луцифер со се’ роговите, носот и неприродно шпицестата брада.
Така оваа фотографија именувана „Кога Бог ќе ти испрати знак“ стана хит на социјалните мрежи, иако не е сигурно дали е комплетно автентична.
„Таа е Бетмен“, се пошегува еден корисник на „Фејсбук“.
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО