fbpx

Не ги трошете парите за тестови: Д-р Пановски до болните од корона

Многу од младите не ни знаат дека биле заразени, вели тој

Нема потреба граѓаните сами да се тестираат и да прават трошоци, туку да се изолираат неколку дена. Нема никаков ефект, освен финансиска загуба од тестирање, иако е точно дека некои бараат изолација за да добијат боледување. Кога би бирал меѓу ковид и ангина, сега би одбрал ковид. Така да мислам дека тестирањето не значи ништо, вели проф. д-р Никола Пановски.

Во изјава за телевизија „Сител“, докажаниот микробиолог вели дека во моментов бројот на заболени е десет пати поголем од официјалната статистика, а многу од младите не ни знаат дека биле заразени.

Д-р Пановски смета дека граѓаните се веќе свесни за сопствената заштита и дека не треба да се враќаат дел од задолжителните мерки.

„Гледам дека некои луѓе носат маски, што не беше случај пред три недели“, вели тој.

Следни Објави

Лесна ти земја! Статус за починатата претепана жена од Неготино ги крена сите на нозе

По трагедијата која се случи во Неготино, повторно се отвораат прашањата дали во земјава имаме доволно родово одговорни политики. Немаме. Имаме само политичари и функционери кои се сликаат на трибини и оправдуваат фондови земени од амбасади дека имаме некаква програма, па лично ќе се заложеле, па еве сеа ќе почнеме […]