fbpx

Македонија гневна по смртта на младиот Јован: Обвинуваат за лекарска грешка

Берово завиено во црно, ќе одговара ли некој?

Нова трагедија ги вознемири македонските граѓани. Вчера починал младиот Јован Димовски, наводно по интервенција на заб во штипската болница.

Негови блиски роднини и пријатели видно вознемирени од загубата, на социјалните мрежи масовно го искажуваат својот револт и обвинуваат за лекарска грешка.

„Само во нашата држава, само со нашето здравство, само со нашите „професионални“ доктори во штипската болница може да се случи ова! Со 20 годишен стаж да направиш интервенција на заб и да ставиш еден обичен дрен наопаку. Па да предизвикаш сепса и пациентот да го пратиш дома со што предизвика на Ванчо животот да згасне на само 25 години… СРАМ ЗА ЦЕЛА ДРЖАВА!!! Каде живееме ние, какво здравство имаме, дали веЌе еден ден некој ќе одговара за секојдневниот хорор во таа штипска болница. Колку животи згаснаа само поради невнимание. До кога нашиот народ ќе се лекува само со „што ќе даде Господ“.. Дали во 21-ви век треба да се случи таков срам.. Ангелу наш, ти почивај во мир! А, тие нема да спијат мирно“, стои во една од објавите.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Тажен ден во семејството Кочовски: Почина македонската музичка дива

Почина легендарната Невена Кочовска, јави „Репортер“ Македонската музичка дива подолго време боледуваше од Алцхајмер, а пошироката јавност за дијагнозата дозна откако нејзините славни ќерки, Тања и Лидија Кочовски, побараа помош на социјалните мрежи кога пред две години исчезна. „Во прашање се веќе неколку години. Но, болеста прогресира. И знаете како, […]