fbpx

Смртта на 24-годишното момче ја вознемири јавноста: Тоа што се случи е страшно

Смртта на младо момче од битолското село Цапари ја вознемири јавноста.

Вработените во Клиничката болница во Битола каде што 24-годишниот С.Т. биле видно вознемирени од тоа што го затекнале.

Момчето било хоспитализирано со многу висока температура, по што веднаш било згрижено на одделот за интензивна нега. Неговата состојба од час во час се влошувала и по нецели десет часа откако било примено во болницата починало.

Обдукцијата покажала дека не е направена лекарска грешка и дека С.Т. починал од тежок инфект и внатрешно крварење.

„Наодот од обдукцијата покажал дека причината за смртта кај младиот пациент е десеминирана интраваскуларна коагулација. Тоа е брзо трошење на факторите на згрутчување на крвта и доведува до неконтролирано крварење на многу органи и системи во организмот, а резултира со прогресивно создавање тромбози и микротромбози кај сите органи“, изјави д-р Елизабета Ивановска, директорка на Битолската болница.

Ивановска откри дека момчето завчера било лекарски третирано и му била дадена
терапија, по што било пуштено дома. Но, ноќта меѓу вторникот и средата тоа повторно добило  висока температура, по што дошло до влошување на состојбата.

Следни Објави

Трагедија! Девојка (21) почина по операција на градите: Се огласи и вереникот Марио

На неколку недели пред сопствената свадба почина 21-годишната Алесија Набосо по операција на градите, јавуваат светските медиуми. Младата невеста си посакала совршено деколте за венчаницата која веќе ја одбрала, па одлучила да замине под нож и да вгради силикони. Алесија работела како козметичарка во близина на Неапол. Нејзиниот вереник, како […]