Последна информација за оние граѓани кои скенираат фискални сметки
Сите го очекуваат долгонајавуваното зголемување на лимитот кој го најави директорката на Управата за јавни приходи.
Првиот човек на УЈП, Сања Лукаревска, истакна дека мерката за поврат на ДДВ дава одлични резултати и дека очекувано е најпопуларна владина мерка, па сега планира ветеното пред граѓаните да го спроведе и на дело.
„Имаме зголемен број корисници, средствата кај граѓаните редовно се исплаќаат, што придонесува за подобрување на нивниот стандард, затоа што дел од парите дадени за ДДВ им се враќаат назад во домашниот буџет. Новината која од 01.01.2023 година треба да започне е зголемување на лимитот за поврат на средствата, како што ветивме пред граѓаните и како што стои во владината програма“, рече Лукаревска.