fbpx

Шок! Се самоуби познатиот водител: Излегол од дома и исчезнал, сопругата откри сè 

Во декември 2022 година светскиот шоубизнис го потресе трагична вест-самоубиството на Стивен Твич Бос, популарниот 40-годишен диџеј, танчар и водител кој со години беше заштитно лице во мегапопуларното шоу на Елен Деџенерис.

Американските медиуми тогаш јавија дека потрагата по Бос почнала во истиот момент кога неговата сопруга Алисон Холкер се појавила во полициската станица видно вознемирена откако „нејзиниот маж заминал од семејниот дом без автомобилот“.

По неколку часа пристигнаа страшните вести-дојава за пукање во еден хотел во Лос Анџелес. Стивен Твич си пресуди со пиштол.

Неговата сопруга со која има три деца сега повторно се огласи на социјалните мрежи.

„Беше личност која го сакаше семејството, беше најдобар сопруг и татко“, напиша Алисон.

Стивен почна да соработува со Елен Деџенерис во 2015 година, а од 2020 стана и еден од продуцентите на шоуто.

Имаше неколку ангажмани и на големото платно, појавувајќи се во филмовите Step up и Magic Mike XXL.

Следни Објави

Полицајка се ококори и остана без здив: Видеото е тешко за гледање, опасна дрога ја парализира за миг

Шокантно видео се споделува по социјалните мрежи Полицајка била изложена на голема количина дрога додека била на должност, а шокантни снимки од безбедносните камери покажуваат како таа вдишува од илегалната супстанца и паѓа на земја во истата секунда. Кортни Беник за малку не починала. Таа останала без здив откако била […]