Трагична вест ја потресе музичката сцена
„Почивај во мир, драг мој брате, нека те чуваат ангелите“. Со овие трогателни зборови водителот Сандро Марковиќ се прости од познатиот продуцент Дејан Аксентијевиќ кој почина на 48-годишна возраст по операција на срцева аорта.
Трагичната вест ги шокира неговите колеги, но и пејачите со кои со години соработуваше.
„Не’ скрши. Не сакам да верувам дека повеќе те нема, без зборови сум од болка. Почивај во мир Деки“, напиша новинарот Марко Шпириќ.
Аксентијевиќ работеше како продуцент на шоуто „Prslook again“.
Роден е на 8 јануари 1975 година во Белград. Освен неутешните колеги и пријатели, позади себе го остави и синот Никола.