fbpx

Те чекаат мама и тато, а ти никогаш нема да се вратиш: Потресни зборови на Јањуш за брата си

На социјалните мрежи конечно се огласи Марко Јањушевиќ-Јањуш, поранешен кошаркар и ѕвезда од српските реални шоуа, откако вчера неговиот помлад брат Михајло Јањушевиќ беше пронајден мртов.

Јањуш синоќа беше итно изваден од реалното шоу во кое учествува, „Елита“ на ТВ Пинк, за да му биде соопштена трагичната вест.

Тој денеска со трогателни зборови се прости од брата си.

„Барем само да се гушневме како порано, кога со нетрпение чекав да те видам додека играв во друга земја, кога ти носев торба полна со слатки, кога ме сакаше најмногу, кога рече „мама“ за првпат. Тогаш јадеше смоки, а јас и Борис се смеевме, а сега плачеме драг мој.. Колку беше немирен, сите те караа и јас бев среќен. Се сеќавам кога почна прво одделение, само ти се сликаше со капа иако беше забрането и беше најубав тогаш.. Како да му кажам некому дека те сакам најмногу.. Како да кажам дека кога те одведов во зоолошка градина имаше шест години, а јас 16.. Како да го преживееме ова душо? Како да ти кажам дека ме боли душата, како да ти кажам колку сум мислел на тебе и дека те чував во душата.. Кога и да ѝ пратев пари на мајка ми, велев дел да ти прати тебе, за да имаш. Како мил мој не те гушнав ниту за последен пат. .. Те сакам драг брате“, напиша тој.

Не се познати детали за смртта на Михајло, но се шпекулира дека се работи за самоубиство.

Тој живееше сосема поинаку од неговите двајца постари браќа Марко и Борис. Беше активен на платформа за возрасни, каде објавуваше провокативни слики од кои заработуваше.

По трагедијата се огласија и негови пријатели.

„Не беше близок со семејството, ретко се слушаа, по цела недела не се јавуваше на телефон. Стана чуден, се огради од пријателите. Последниов период со никој не се гледаше, не се слушаше, ништо не знаевме“, велат тие за порталот „Република“.

Следни Објави

Страшно! Бебе починало на скопска Гинекологија, подоцна се упокоила и мајката

Голема трагедија се случила на скопската клиника за Гинекологија, дознава „Курир“. Пред четири месецина на ГАК била примена пациентка со проблеми во бременоста, а по шест дена хоспитализација бебето починало жво нејзината утроба. Подоцна, по пет операции, починала и мајката на бебето. Од клиниката им ги потврдиле информациите. „Во август […]