fbpx

Јас сум „глупачата“ која роди на 40 и кусур: Еве како поминав!

Исповед на жена која кога се омажила по вторпат мислела дека нема шанси повторно да се реализира како мајка, но се случило токму спротивното..

Кога се омажив вторпат имав 35 години. Веќе имав син-тинејџер на 17-годишна возраст од првиот брак и ни на крај памет не ми беше повторно да раѓам. Мислев дека ете конечно дојдоа моите пет минути, дека допрва ќе уживам во благодетите на животот, дека ќе имам активен социјален живот, концерти, музеи, театри, вечерни излегувања со сопругот, дека ќе го правам сето она што не можев кога на 18 останав бремена и родив дете.. Но, мојот нов сопруг инсистираше да добие наследник.

Залудно му зборував дека бебе, особено на овие години, е напорна работа, дека ќе остане без спиење, дека раката ќе му отече од нишење.. Но, залудно зборував, тој не се откажа. Тогаш, поради неговата голема желба, попуштив! Му реков: „Океј, ќе се обидам да забременам“, додека во себе верував дека шансите да останам трудна на 40 и кусур се минимални. Мојот поглед беше насочен кон менопаузата.

Но, очигледно моето тело не беше подготвено да ѝ се препушти на староста, па се случи она што најмалку посакував. Бременоста беше во најдобар ред, сопругот беше на седмо небо. Сите околу нас аплаудираа и не нарекуваа херои, бидејќи сме се осмелиле на ваков чекор. Несвесна во каква авантура се впуштам, родив син кој веќе има една година и 14 килограми.

Еве мое мислење зошто е добро да имаш бебе на 40+!

1. На 40 не ви е гајле за сите добронамерните совети, зависта на луѓето, туѓото мислење.. Веќе сте реализирана личност и се чувствувате супериорно.

2. Се подмладувате! Сега редовно одите на фризер, на маникир, бидејќи не сакате некој да помисли дека сте му баба на детето.

3. Постарото дете со задоволство и со разбирање се грижи за помалото. Кога сакате да излезете на концерт или во кино, поголемиот со задоволство доаѓа да го причува помалиот.

4. Не стравувате за килограмите и сега знаете дека се нешто променливо. Ако сте се поправиле, Боже мој.

5. Докторите ви пристапуваат поинаку. На 18 години ве гледаат како будала, сега ви се обраќаат со почит.

6. Другите мајки во паркот со внимание слушаат што имате да им кажете, бидејќи сте мајка со искуство.

7. Телото си го почитувате повеќе од било кога.

8. Детето е одлична превенција за Алцхајмерова болест-мозокот ви работи сто на саат.

9. Нема повеќе беспотребно жртвување. Веќе сте искусни.

10. Ги знаете приоритетите. Не се опседнувате со чистење, не се амбицирате да зготвите пет јадења и не се трудите да им се допаднете на сите.

Какви се вашите искуства за бременоста во 40-тите?

Следни Објави

Две жени го завеле на нудистичка плажа: Овој ден ќе го памети дур е жив

Настанот што го доживеал еден 34-годишен маж почнал како сон на секој маж, а можел да заврши фатално. Родриго Калабрио од Бразил бил ограбен, а малку фалело да биде и убиен кога на една нудистичка плажа наседнал на провокација од страна на две атрактивни девојки. Шетајќи се по крајбрежјето, стигнал […]