fbpx

Нема да се грижам за мојата болна мајка: Марија ги шокира сите

Исповед на Марија (вистинското име не го откриваат од разбирливи причини) која ви ја пренесуваме во целост..

„Пораснав во големо семејство. Имам двајца постари браќа и две сестри. Јас сум најмала и не сум била планирана. Може да се каже дека им ги растурив сите планови. Родителите не криеја од мене дека сакале абортус, но дека веќе било доцна.

Кога се родив, браќата веќе беа студенти. Никогаш не бев дел од нивниот живот. Денес двајцата се оженети, имаат прекрасни сопруги и свои деца, одлично заработуваат, патуваат секаде. Јас не ги познавам.

За сестрите секогаш бев досаден „привезок“. Мајка ми ги натера да живееам со нив, за таа да се ослободи од мене, а тие поради тоа ме мразеа. Својата омраза воопшто не ја криеја. Исто како и браќата, и тие имаа свои семејства, куќи, во добростоечка финансиска ситуација. За мене ни сега нема место во нивните животи.

Кога соседите доаѓаа на гости, моите родители секогаш со гордост покажуваа слики од нив. Јас секогаш бев неважна, едноставно промашување. Постојано ме споредуваа со нив, иако беа постари од мене најмалку 15 години.

Со текот на времето го засакав шиењето и се запишав во такво училиште. Успешна сум во таа работа и ден денес, работам во уметничко ателје. Имам многу клиенти и убаво заработувам. Но, во фамилијата имам прекар „неостварениот моден дизајнер“.

После сѐ, се трудам со членовите од семејството да комуницирам што помалку. Тоа го одлучив уште како средношколка кога се отселив во ученички дом, а од првата плата си изнајмив стан.

Сама си изградив свој свет – се омажив и добив син, тројцата бевме пресреќни, до скоро тоа беше најубавиот период од мојот живот. Но, еден ден, сопругот и синот патуваа со автобус, кој излета од патот и двајцата загинаа. Бев скршена, не знаев кај се наоѓам и како ќе продолжам без нив. Се свртев кон семејството за утеха, но не добив ништо. Дури ни убав збор.

Оттогаш поминаа десет години. Запознав еден господин и се надевам дека постои среќа и за мене. Семејството повеќе не го побарав, а ни тие мене.

И тогаш, сосема ненадејно после толку време, заѕвони телефонот. Татко ми починал, а мајка ми добила мозочен удар и е парализирана. Браќата и сестрите ме побараа да се грижам за неа. Сите имаат некоја однапред подготвена и добро смислена причина зошто не сакаат да се грижат за мајка ни.

Им реков дека не сакам. Не можам. Ме понижуваа цел живот, а сега се сетија на мене.

Ме убедува со тоа дека мајка ни мене ќе ми го препише станот. Не сфаќаат дека од нив не сакам ништо. Порано сакав љубов и поддршка. Кога тоа не можеа да ми го дадат, ништо друго од нив не ми е потребно.

Од убедувања преминаа на закани, но не попуштив. Нека се снајдат без мене. Не постојат веќе за мене.“

Следни Објави

Оле го оперира носот: Неверојатна трансформација за која зборуваат сите!

Олга Бадерук на социјалната мрежа „Тик Ток“ покажа како комплетно го трасформирала лицето по операцијата на носот. Оваа млада украинска инфлуенсерка го снимила целиот зафат, а видеото има над 13 милиони прегледи. Во шест различни клипови покажа и како изгледа постоперативниот период, како модриците се повлекуваат и крајниот резултат кој […]