Почина македонскиот писател, поет и филмски режисер Марко Петрушевски (роден 1975 година).
Својата прва поетска збирка, „Еден млад збунет човек“ ја објави во 2001 година и за неа ја доби наградата на Струшките вечери на поезијата за дебитантска поетска книга.
Своите кратки раскази ги објавуваше на порталот „Окно“ кој и ја објави информацијата за неговата смрт. Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).
Покрај писателската дејност, Петрушевски сними и неколку кратки филмови. Се бавеше и со филмска критика, а своите рецензии ги објавуваше во месечникот „Форум“.
Беше ангажиран и како радиоводител на култното радио Канал 103.