fbpx

Скопјани се простуваат од Марко: Вечна слава, другар!

Почина Марко Петрушевски (48).

На социјалните мрежи се споделуваат емотивни објави за македонскиот писател, поет и филмски режисер.

Музичарот Петар Младеновски, фронтменот на „Суперхикс“, напиша дека е во шок и неверување дека Марче не е повеќе меѓу нас.

„Марче.. лесна му земја. Не се гледавме често последниве декади, ама имавме убави животни епизоди во „Шериф Мекклауд“ и низ центарскиве маала во „младите“ години. Вечна слава другар. Во неверување и шокирани сме“, напишпа популарниот Пеце на „Фејсбук“.

Петрушевски својата прва поетска збирка, „Еден млад збунет човек“ ја објави во 2001 година и за неа ја доби наградата на Струшките вечери на поезијата за дебитантска поетска книга.

Своите кратки раскази ги објавуваше на порталот „Окно“ кој и ја објави информацијата за неговата смрт. Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).

Покрај писателската дејност, Петрушевски сними и неколку кратки филмови. Се бавеше и со филмска критика, а своите рецензии ги објавуваше во месечникот „Форум“.

Беше ангажиран и како радиоводител на култното радио Канал 103. 

Постарата публика го памети и како актер во повеќе детски играни серии, меѓу кои и мегапопуларната „Втора смена“.

Следни Објави

Скршени сме: Почина Ферус, се огласи неговата сопруга

По кусо боледување ноќеска почина кралот на ромската музика, Ферус Мустафов. Веста за неговата смрт рано утрово ја дознале и членовите на неговото семејство, кое низ солзи раскажуваат дека сите се молеле за неговото здравје, што побргу да се разбуди од кома и да излезе од болница. -Починал ноќеска, нам […]