Софија Ражњатовиќ (41), вонбрачната ќерка на Жељко Ражњатовиќ, неодамна призна дека Аркан засекогаш ќе живее во нејзиното срце и дека многу ѝ недостасува.
Таа денес живее во Брисел, а првпат го видела татка си на телевизија кога стана светски познат во 1991 година.
Нејзината мајка била социјална работничка за која Аркан се грижел во белгискиот затвор.
– Постојано мислам на него. Оваа година бев спречена да присуствувам на поменот поради целата ситуација со пандемијата. Се надевам дека моето семејство е добро, дека се’ е во најдобар ред и дека го пронашле својот мир после сите овие години. Поминаа повеќе од две децении и време е да продолжиме со нашите животи. На сите им посакувам среќа и успех, а мојот татко ќе продолжи да живее во нашите срца – напиша таа на социјалните мрежи спомнувајќи го и нејзиното семејство во Белград.
Софија е едно од деветте деца на Аркан кои ги доби со пет различни жени. За неговите наследници, прочитајте ТУКА!