Ќерка на лустриран новинар, сестра на докажан музичар.. Дама со интересна биографија
Поранешната водителка и новинарка Нора Шаќири повторно се најде во фокусот на јавноста кога беше именувана за в.д. директор на Театар Комедија.
Нора најголемата популарност ја стекна со ток-шоуа, а пред да се вработи во Министерството за култура нејзин последен ТВ-проект беше контактната емисија „Овде и сега“.
Како модел се има појавено во неколку музички спотови на нејзиниот брат Бени Шаќири, основач и пејач на групата „Нон стоп“.
Нора е ќерка на долгогодишниот новинар и уредник на МРТ, сега веќе покојниот Хисен Шаќири, кој беше лустриран од претходната владејачка гарнитура.
Во неколку наврати беше на удар во јавноста. Прво ѝ забележија за наводното неоправдано вработување во Владата, но имаше и такви кои ја критикуваа и поради нејзиниот личен избор кога одлучи дека животот сака да го помине со човек од друга националност и вера.
– Многумина мислеа дека со невкусни коментари можат да ни ја згазат љубовта и врската со Марко. Но, се случи токму она што мене ми е девиза во животот: Она што не може да те скрши ќе те направи посилен! Јас и Марко победивме и покажавме што значи вистинска љубов, почит еден кон друг, почит кон семејството и кон пријателите – изјави таа во едно интервју.
Нора и Марко го имаат синот Ијан. Претходно, Шаќири призна дека тешко забременила поради сериозни проблеми со тироидната жлезда.
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.