fbpx

Пет деца од два брака, афера со малолетнички.. Кој беше Берлиускони? Една работа особено ќе ве изненади

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони почина денеска на 86-годишна возраст. Контроверзниот бизнисмен интензивно се лекуваше од леукемија, јавуваат светските медиуми.

Роден е во Милано на 29 септември 1936 година, а неговата биографија е полна со скандали, обвинувања за корупција, сексуални афери и контроверзни деловни потфати.

Тој беше лидер на политичкото движење „Форца Италија“ (Напред Италија), партија која беше официјално основана во јануари 1994 година, за првпат да учествува на општите избори во март истата година, но во 2008 година беше распуштена и Берлускони основа нова политичка партија Народ на слободата, која од 2013 година се нарекува „Напред Италија“.

Берлускони кратко беше премиер (седум месеци) во 1994 година. Во 2001 година повторно е назначен на истата функција, а неговата втора влада е најдолгата во историјата на Италијанската Република. На 20 април 2005 година, Берлускони понуди оставка по поразот на регионалните избори и внатрешните проблеми во коалицијата. На 23 април 2005 година формираше нова влада без поголеми промени во нејзиниот состав.

На парламентарните избори во април 2006 година, коалицијата на Силвио Берлускони загуби од левата коалиција на Романо Проди. Победата беше многу тесна (0,11%), па Берлускони долго време ги оспоруваше резултатите од изборите, но на крајот, на почетокот на мај поднесе оставка.
Сепак, владата на Проди подоцна го загуби парламентарното мнозинство, а централнодесничарската коалиција на Берлускони победи на изборите во 2008 година.

На 12 ноември 2011 година Берлускони му поднесе оставка на претседателот на Италија, Џорџо Наполитано, откако го загуби парламентарното мнозинство и големата економска криза што ја зафати земјата.

Тој е и сопственик и основач на медиумските компании кои многумина ги нарекуваат „италијанска медиумска империја“. Според магазинот Форбс, Силвио Берлускони е најбогатиот човек во Италија со имот вреден 12 милијарди долари во 2005 година, а воедно и 25-ти најбогат човек во светот.

ФК МИЛАН

Берлускони беше претседател на фудбалскиот клуб ФК Милан помеѓу 1986 и 2004 година. По неговата оставка, која беше принудена со закон, на 26 декември 2004 година, тимот не избра нов претседател, па тој остана само косопственик на тимот.

Презентирајќи ја својата биографија „Епската приказна за милијардерот кој владееше со Италија“ на новинарот на Газета, тој рече дека нема намера да го напушти Милан додека не донесе нови успеси на клубот и опиша колку му значи овој истиот.

„Веќе им кажав на децата дека кога ќе заминам, ако сакаат, можат да продадат се’ што ќе им оставам. Единствено не смеат да продаваат две работи: мојата куќа во Аркоре и поголемиот дел од сопственоста на Милан“, јасно порача Берлускони.

СКАНДАЛИ И АФЕРИ

Инаку, неговата биографија е полна со скандали, обвинувања за корупција, сексуални афери и контроверзни деловни потфати.

Политичките достигнувања на поранешниот премиер беа засенети од безброј кривични пријави против него, иако единствената пресуда што не беше поништена во жалбата беше за даночна измама и за неговите озлогласени секс-забави, познати како „бунга бунгас“, на кои често се појавуваа помлади убавици на кои наводно им помагаше да се пробијат и да напредуваат во кариерата.

Берлускони беше осуден на седум години затвор поради проституција со малолетници за време на организирани забави. Казната му беше укината во жалбена постапка. Така, пресудата дека платил за секс со малолетна Мароканка, позната како „Руби, крадачка на срцето“, беше поништена, иако потоа се соочи со две обвиненија за поткуп на сведоци за да молчи.

Животот на Силвио Берлускони често беше прикажуван во сапунските опери што неговите ТВ-канали први ги донесоа од САД во Италија. Зад себе остави пет деца од два брака.

Следни Објави

Еден детаљ од свадбата на Татјана и Михаил за кој зборуваат сите (ФОТО)

Точно десет години откако се свршија, ТВ-презентерката Татјана Стојановска и нејзиниот партнер, бизнис консултантот Михаил Китановски, завчера се венчаа пред најблиските. Регистрацијата и прославата се одржаа во еден познат скопски хотел, а присуствуваа нивните најблиски роднини и пријатели. „Беше весело благодарение на групата „Соната“ и бисерниот глас на Кате, како и на нашите весели […]